Стаменковска: Секојдневно сме сведоци на злоупотреби на службената должност и овластувања

Власта е во очај и безнадежност. Ризикуваат да ја прокоцка европската перспектива иако беа предупредени од нашите пријатели од ЕУ дека претстојните избори мора да бидат фер и демократски, Истакна Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

„Одвојување на партијата од државата мора веднаш да започне во спротивно, контаминиран е целиот процес кој не трпи импровизации. Доколку вака продолжите, нема датум да ни дадат ни во Унијата на Западен Балкан.Од денес започнуваме со прес конференции од пред зградата на Делегацијата на Европската Унија. Нашата цел е да ги информираме нашите пријатели од Европската Унија, за поткупот кој се спроведува од страна на власта со вработувањата во државната и јавната администрација, како и уцените и заканите кои се спроведуваат врз административните службеници“, истакна Стаменковска и укажа на низа регуларности што според неа ги спроведува властта.

„Од 20.10.2019 година до денес, објавени се над 1.200 јавни огласи за вработување, за над 2.200 извршители во институции, на определено и неопределено работно време. Отпочнати се стотици дисциплински постапки и изречени се десетици казни за вработени во државната и јавната администрација. Исто толку вработени во државната и јавната администрација се распоредени на работни места надвор од местото на живеење. Секојдневно сме сведоци на злоупотреби на службената должност и овластувања, лаги и нереални ветувања. Се предлагаат закони по итна постапка и се расфрлаат со државните субвенции и државната помош за да регрутираат нови гласачи. Извршната и законодавната власт, целосно е насочена кон испумпување на државните пари за партиски цели“, изјави пратеничката Стаменковска.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе