Стаменковска: Полнењето на јавната администрација мора да заврши

Согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, Министерството за информатичко општество и администрација е должно, најдоцна до 1 октомври за периодот јануари – јуни во тековната година, односно најдоцна до 1 март за периодот јули – декември во претходната година, да изготви и да достави до Владата на Република Македонија полугодишен извештај за реализација на годишните планови кој содржи податоци за бројот на планирани и бројот на реализирани вработувања во институциите на јавниот сектор по институција, изјави Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бараме да се објави извештајот согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, пред целата македонска јавност, да не се шпекулира и со тоа ќе ги демантирате нашите тврдења дека се работи за поткуп на гласачи! Во овој период единствено имате зголемен обем на партискитe трибини кои не се предвидени со закон и останува ПОТКУПОТ како единствен мотив за сите вработувања на определено време. Министерот Манчевски не ги знае годишните планови за вработување во институциите кои му се обврска согласно закон, но знае дека институциите ќе распишуваат многу огласи за вработување на определено време на почеток на новата година.

Дополнително веќе неколку дена до отпочнувањето на оваа прес конференција надвор од употреба е и интернет страницата на Агенцијата за администрација, која има законска обврска да ги пренесува полагањата на идните административци. Очигледно транспарентна постапка не им одговара за партиски вработувања па страната е надвор од употреба. Полнењето на јавната администрација и злоупотребата на институциите мора да заврши“, изјави Стаменковска

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе