„Бараме да се објави извештајот согласно член 20-в став 3 од Законот за вработени во јавниот сектор, пред целата македонска јавност, да не се шпекулира и со тоа ќе ги демантирате нашите тврдења дека се работи за поткуп на гласачи! Во овој период единствено имате зголемен обем на партискитe трибини кои не се предвидени со закон и останува ПОТКУПОТ како единствен мотив за сите вработувања на определено време. Министерот Манчевски не ги знае годишните планови за вработување во институциите кои му се обврска согласно закон, но знае дека институциите ќе распишуваат многу огласи за вработување на определено време на почеток на новата година.
Дополнително веќе неколку дена до отпочнувањето на оваа прес конференција надвор од употреба е и интернет страницата на Агенцијата за администрација, која има законска обврска да ги пренесува полагањата на идните административци. Очигледно транспарентна постапка не им одговара за партиски вработувања па страната е надвор од употреба. Полнењето на јавната администрација и злоупотребата на институциите мора да заврши“, изјави Стаменковска