ССНМ: Сопствениците на медиуми незаинтересирани да зборуваат за работничките права

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во јуни спроведе анкета меѓу вработените во медиумите за работните услови, платите и влијанието на корона пандемијата врз нивната работа. Клучните наоди од одговорите на вработените беа дека новинарите и медиумските работници имаат плата далеку под државниот просек, а дополнително се загрижени од неизвесноста за задржување на работното место и висината на приходите поради ковид-19. Во двете анкети беа вклучени 150 новинари и медумски работници.

ССНМ направи и трета анкета меѓу сопствениците на медиумите. Биле испратени анкетни прашалници на 50 сопственици, но на прашањата одговориле само 5. Анкетниот прашалник, како што соопшти ССНМ, им бил доставен на газдите два пати, но тие не сметале дека е неопходно да одговорат на прашања за работничките права и обврски во нивните медиуми.

Инаку, ова е прва анкета во која беа прашани сопствениците на медиумите за статусот на вработените и влијанието на корона вирусот врз нивните организации .

„Фактот што само пет од педесет испитаници одговориле на анкетата, доведува до неможност за донесување на релевантен заклучок за тоа како сопствениците на медиумите се справуваат со влијанието на пандемијата врз нивните вработени и медиумот воопшто. Наспроти тоа се донесува заклучокот дека сопствениците на медиуми не се засегнати, ниту отворени за давање на одговори на тема која ја отсликува состојбата во новинарството и работничките права на вработените во медиуми во земјава во време на пандемијата со ковид-19“, велат од ССНМ .

Од добиените одговори едниот од испитаниците – сопственик на телевизија и двајца сопственици на електронски медиуми велат дека имаат финансиски загуби за време на пандемијата со ковид-19, која најмногу влијаела на пад на рекламите. Сепак, овие сопственици велат дека не ги намалиле платите на вработените, во кризните месеци, а нема ниту до крајот на годината. Во нивните медиуми нема отпуштања поради корона кризата.

Од друга страна, двајца сопственици на електронски медиуми не претрпеле финансиски загуби за време на пандемијата со ковид-19, последователно на тоа не ги намалиле ни платите, ниту пак имале отпуштања на вработени.
Сопствениците на петте медиуми велат дека навремено набавиле заштитна опрема за вработените, што е спротивно на тврдењата на голем дел од вработените 22% кои одговориле дека во медиумите кај што работат не биле набавени заштитни средства.

На прашањето „Што имате направено за да ја зголемите безбедноста на работното место?“, тројца сопственици на електронски медиуми одговориле „Работа од дома“, еден сопственик на електронски медиум одговорил „Работа во смени“, а сопственикот на телевизија одговорил „Работа во повеќе групи“.

На прашањето дали во нивната редакција постои синдикална организација потврден одговор дале само двајца сопственици на интернет портали. Додека синдикално организирање нема во телевизијата и во два електронски портали, а на дополнителното прашање зошто нема, сопственикот на телевизија одговорил „не знам“, еден сопственик на електронскиот портал одговорил „премногу мала редакција“, еден испитаник не дал одговор.

На прашањето „Дали би им правеле проблеми на вработените доколку синдикално се организираат“, еден од сопствениците на електронски медиуми одговорил со „да“, а останатите четворица испитаници се изјасниле дека не би им правеле проблем на вработените доколку синдикално се организираат.

Според анкетите кои беа направени меѓу 150 новинари и медиумски работници, најголемиот дел од нив зема плата од 15.000 до 20.000 денари. Дури 101 или 67% од испитаниците одговориле дека не се задоволни со платата или хонорарот, а 49 или 33% одговориле дека се задоволни.

Медиумскиот бизнис дополнително е на удар од корона-кризата, а тоа се одрази и на губењето на работно место и намалување на платите. Четворица останале без работа, а седумнаесет проценти од медиумските работници одговориле дека им била намалена платата.

Ова истражување покажа дека медиумските работници се на првата линија до опасноста од корона пандемијата, но и на директен финансиски удар. Потребата од помош е повеќе од очигледна, ако се земат предвид одговорите на испитанците. 73%  одговориле дека им е потребна финансиска помош. Меѓу медиумските работници владее страв и паника, па така 48 одговориле дека им е потребна психолошка поддршка. Тука особено е значајно да се напомене дека 62% од анкетираните потврдуваат дека овој начин на живот и работа влијаат врз нивното ментално здравје.

 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе