ССНМ: Политиката и менаџментот се виновни за згаснувањето на МПМ

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) оценува дека главен виновник за урнисувањето на медиумската куќа „Медиа принт Македонија“, којашто раководеше со овие весници, е менаџментот. 

„Луѓето што ја водеа куќата наместо со време да се прилагодат на новите трендови во медиумскиот бизнис, тие сервилно ѝ слугуваа на политиката со што буквално не им дозволија на новинарите професионално да произведуваат новинарски содржини и со нив рамноправно да се напреваруваат на пазарот.
Колегите беа оневозможени да прават весници што публиката ќе сака да ги купува и да ги чита.
Дополнително, во меѓувреме јавноста дозна дека МПМ во истиот период ислаќала неоправдано висока плата на еден од своите управители, со што финансиски се исцрпувала куќата до колапс. Токму поради сомневањата за намерно финансиско исцрпување на компанијата ССНМ им поднесе кривични пријави на поранешните управители Јана Станисављева и Срѓан Керим“, се вели во соопштението од ССНМ.
Според Синдикатот, згаснувањето на еден од првите независни весници во Република Македонија е уште еден клинец во ковчегот со кој цела деценија се погребува новинарството во државава и тоа 1,5 месец откако истата судбина ја доживејаа „Вест“ и „Утрински“, дневни весници што беа под капата на ист издавач.
„Единствен начин оваа медиумска трагедија да не се повтори е политиката да ги тргне рацете од медиумите и буквално сите новинари и медиумски работници солидарно да реагираат и да се борат секогаш кога и во најмала мера ќе бидат доведени во прашање слободата на изразувањето и достоинствените услови за работа во медиумите“, се додава во соопштението.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе