На денешниот вонреден конгрес

ССМ не избра нов лидер

На денешниот вонреден конгрес што поладнево се одржа во Охрид Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) не избра нов лидер. Според најавите, Верификационата комисија на Синдикатот во рок од 30 дена треба да ги утврди можните кандидати кои ќе бидат предложени за лидерската позиција.

По завршувањето на протоколарниот дел од седницата според најавениот дневен ред, требаше да се пристапи кон избор на ново раководство на Синдикатот, но поради незадоволство кај дел од делегатите и бурни забелешки бидејќи за новата лидерска функција беше предложен само еден кандидат, Конгресот беше прекинат и воопшто не се пристапи кон изјаснување на делегатите.

На Конгресот во Охрид што се одржуваше зад затворени врати, беа присутни 93 од вкупно 113 - те делегати од 17 гранкови синдикати кои членуваат во ССМ.

Единствен кандидат за лидрската позиција на ССМ на Конгресот беше актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски кој доаѓа од Синдикатот на СУТКОЗ. 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе