Европски суд за човекови права

Српскиот инспектор Бајиќ во Стразбур го доби случајот против Македонија за потонувањето на бродот „Илинден”

Македонија треба да му исплати 1.500 евра отштета на српскиот државјанин Бранко Бајиќ, инженер за бродоградба и овластен инспектор за пловни објекти кој се жалеше во Стразбур на пресудата во случајот со потонувањето на бродот „Илинден” во Охридското езеро, одлучи Европскиот суд за човекови права. 

„Случајот во кој тужител е Бранко Бајиќ, српски државјанин, роден во 1951 година и живее во Белград се однесува на превртувањето и потонувањето на бродот ‘Илинден’, на брегот на Охридското Езеро, на 5 септември 2009 година, предизвикувајќи смрт на 15 бугарски туристи кои биле меѓу 54-те патници на бродот и последователната кривична постапка против жалителот, инженер за бродоградба и овластен инспектор на пловни објекти.

Повикувајќи се на членот 6 став 1 (право на фер расправа), жалителот се жали дека кривичната постапка против него била неправедна поради недостаток на причини во пресудите на домашните судови во врска со неговата кривична одговорност за несреќата и неостварената комуникаци за поднесокот на јавниот обвинител во постапката пред Врховниот суд. Тој исто така тврди дека употребата на пишани извештаи што ги доставил кога бил испрашуван како сведок, ја направила постапката неправедна и го повредила неговото право”, пишува во образложението на пресудата.

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе