Скопје-Белград

Српската премиерка Брнабиќ денеска на средби со Заев и Пендровски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ќе биде домаќин на делегација од Република Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ.

Како што информираат од Владата, посетата ќе започне со отворањето на One Stop Shop на граничниот премин Табановце-Прешево.

Брнабиќ, освен со Заев ќе има оствари средба и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Помалку контроли и царинење и забрзување на протокот на патници , стока и превозни средства ќе овозможи заедничкото гранично управување што стартува денеска на преминот Табановце – Прешево. Со концептот, што првпат се воведува со Србија, со едно застанување на заедничка испостава се очекува двојно да се намали времето на чекање.

Почетокот на проектот за интегрирано гранично управување „One stop shop” ќе го означат премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ.

„Заедничката економска агенда на Западен Балкан што ја потврдивме на Самитот во Трст, ја носиме Европа овде на Балканот“, истакна Заев по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во септември лани, кога го најавија стартот на проектот.

Концептот на заеднички гранични контроли и гранични контроли со едно застанување (One-stop shop) значи поедноставени постапки, што се спроведуваат на еден заеднички граничен премин, при минимален број застанувања, по можност единствено застанување, преку кој контролата на патниците, стоката и нивните превозни средства се врши само еднаш на едно место. Со примена на концептот на заедничка контрола се постигнува поголема усогласеност и се олеснува преминувањето на патниците, стоките и превозните средства во патничкиот сообраќај, како и предметите што патниците ги носат со себе.

За патниците и транспортерите кои од Србија ќе се движат кон државава српската гранична служба ќе спроведе излезна контрола на наша територија на ГП Табановце, додека контролата за оние кои патуваат од кај нас кон Србија излезната контрола македонските гранични служби ќе ја спроведат на српска територија, на граничниот премин Прешево.

Според надлежните, во примената на овој концепт од исклучително значење е користењето на еден заеднички објект на граничниот премин каде што се вршат граничните формалности.  Покрај забрзан проток на патници, стока и превозни средства, заедничкото царинење, меѓу останатото, треба да овозможи повисок степен на хармонизација на граничните контроли, како и да се намали можноста за царински измами, поради директниот увид во комерцијалните документи што ја следат стоката.  Заедничкото царинење е и едно од барањата на транспортерите, кои сметаат дека со ова ќе се олесни процесот на транспортот и превозот на стоки.

Заедничка контрола, покрај на граничниот премин Табановце, се подготвува и на железничкиот премин Табановце и на Ќафасан кон Албанија. На ГП „Ќафасан“ веќе се одвиваат градежни работи за надградба на објектите.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе