Белград

Српска „Политика“: Заев не доаѓа во Белград, неизвесно е дали ќе се одржи состанокот „Отворен Балкан“

Македонскиот премиер Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка на премиерското место, на 3 и 4 ноември нема да дојде во Белград, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, пишува денеска белградска „Политика“.

„Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација“, пренесува „Политика“ изјава од кабинетот на Заев, додавајќи дека „Северна Македонија ќе биде претставена на состанокот во Белград со друг политички преставник, кој ќе биде утврден денеска или утре“.
Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.
По изборните резултати на вчерашниот втор круг од локалните избори, премеирот Заев синоќа поднесе оставка од премиерската функција, како и од лидерската позиција на СДСМ, што го услови и неговото доаѓање во Белград.
 

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе