Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари билатерални средби со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и со министерот за надворешни работи на Малта Еварист Бартоло.

„Еден мал рекапитулар од досегашното учество на Минхенската безбедносна конференција – прво панел за ЕУ перспективите и улогата на ЕУ на Балканот, една инспиративна сесија. Моите главни пораки: дека ние сме како една соба во европската куќа која што не вклучена во системот на греење, струја, правилата на куќата и дека ова мора да го решиме заедно. На политиката на проширување и треба еден нов мотор од оние како што ги прави BMW, компанијата чија што фондација го организираше панелот“, изјавил Димитров.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорот со еврокомесарот Хан беше буџетот на ЕУ и преговорите околу повеќегодишната финансиска рамка, со акцент на зголемување на европските фондови за земјите од регионот на Западен Балкан.

На средбата со грчкиот министер Дендиас, како што се наведува, се разговараше за поддршката која Грција ја дава во постигнување на нашата цел, што поскоро отпочнување на пристапните преговори со ЕУ, како и за запазување на континуитетот во имплементирањето на обврските од Преспанскиот договор од двете страни.

„Имав и добра средба со комесарот Хан, кој што сега е надлежен за буџетот на ЕУ, во центарот е на преговорите околу повеќегодишната финансиска рамка. Тој најави дека планира да се зголемат европските фондови за нашиот регион. Имав и пријателска, добра средба со грчкиот колега Никос Дендиас. Разговаравме за поддршката на Грција за да отпочнеме конечно пристапни преговори со ЕУ. Разговаравме за имплементацијата од двете страни на Договорот од Преспа“, стои во писмената изјава од Димитров. 

Средбата со Еварист Бартоло е нивна прва официјална, по неодамнешното преземање на функцијата министер за надворешни работи на Малта. Се дискутираше за изгледите за добивање позитивна одлука од ЕУ за нашето досие и беше изразена поддршка од нивна страна за конечно остварување на таа стратешка цел.

„Моите главни пораки: дека ние сме како една соба во европската куќа која што не вклучена во системот на греење, струја, правилата на куќата и дека ова мора да го решиме заедно. На политиката на проширување и треба еден нов мотор од оние како што ги прави BMW, компанијата чија што фондација го организираше панелот“, изјави Димитров. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе