Средба Жерновски-Ле Роа: Референдумот е конечен предуслов за интегрирање во НАТО и ЕУ

Евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и претстојниот референдум беа во фокусот на денешната средба на заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски со Ален Ле Роа, француски амбасадор и поранешен специјален пратеник на ЕУ во земјата.

Амбасадорот Ле Роа упати силна поддршка за престојниот референдум, како предуслов за конечно интегрирање во НАТО и ЕУ.

„Официјален Париз цврсто стои зад евроатлантските аспирации на Република Македонија”, изјавил Ле Роа на состанокот.

Жерновски кажал дека дека Република Македонија се наоѓа пред историски момент и историска шанска за граѓаните да го трасираат патот на државата во иднина.

Тој, како што соопшти МНР, навел дека Македонија е на чекор поблиску до остварување на стратешката цел, членство во ЕУ и во НАТО.

„Особено треба да не радува фактот што проектот за интеграција во ЕУ нѐ обединува по етничка линија и тоа нѐ прави уште посилни. Деновите кои ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме по 30 септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да не обедини сите”, нагласил Жерновски на состанокот.

 

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе