На билатерална средба со германската канцеларка

Средба Заев - Меркел: Северна Македонија треба да ги почне преговорите со ЕУ

Премиерот Зоран Заев на денешната билатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел, ги изнесе позициите на Република Северна Македонија во однос на потребата за забрзување на евроинтеграциските процеси и за што побрзо решавање на проблемот кој го наметна соседна Бугарија. 

Како што се наведува во владиното соопштение од средбата, Заев нагласил дека единствен прифатлив предлог за нашата земја за надминување на блокадата на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е предлогот претставен за време на претседателството на Португалија со ЕУ, со кој се почитуваат заложбите и на двете страни за унапредување на меѓусебните односи и за евроинтегративните процеси во регионот.

Владината делегација предводена од премиерот Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево по официјалниот работен ручек остварија билатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана. Меркел е во посета на Западен Балкан и се сретна си лидерите на земјите од регионот на кој главна тема беше регионалната соработка.

На билатералната средба, премиерот Заев исто така се осврна и на иницијативата Отворен Балкан која се темели токму на принципите на функционирање на Европската Унија.

-Нам ни е потребно што е можно побрзо решавање на политичките пречки и интегрирање на Северна Македонија во ЕУ. Ние успешно ги завршивме нашите домашни задачи, но тоа не значи дека запираме тука, напротив секој ден работиме и се бориме за подобро утре за нашите граѓани, истакна премиерот Заев на билатералната средба со канцеларката Меркел.

Канцеларката Меркел, како што се наведува во соопштението, се согласи со владината делегација дека ЕУ интеграцијата и на Северна Македонија и на регионот не смее да продолжи да се одложува и дека постојаниот напредок е нотиран од страна на сите релевантни европски институции и меѓународни партнери на државата.

Заев и канцеларката Меркел разговараа и за трговската размена помеѓу двете држави и за дополнително унапредување на економските инвестиции во државата со оглед на поволната бизнис клима која ја прави Германија број еден трговски партнер на Северна Македонија во континуитет со години.

Во соопштението се посочува дека на средбата премиерот Заев се заблагодари за личниот ангажман на канцеларката Меркел за нејзината севкупна посветена работа и непроценлив придонес за зајакнување на односите на СР Германија со Северна Македонија, како и за нејзината поддршка и поддршката на нејзината земја на нашиот пат до членството во НАТО и во процесот за членство во ЕУ.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе