Подгорица

Средба Заев-Марковиќ, утре заедничка седница на владите и бизнис форум

Традиционалните пријателски односи меѓу Македонија и Црна Гора имаат светла перспектива за дополнителен развој на односите на економски план, особено на директен план меѓу стопанствениците на двете држави, оцениле попладнево премиерите Зоран Заев и Душко Марковиќ на тет-а тет средбата во Подгорица.

Со средбата со Марковиќ, Заев  ја почна дводневната официјална посета на Црна Гора, откако претходно со заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од премиерот Марковиќ.

„Заев го запозна црногорскиот премиер со актуелната политичка ситуација во Република Северна Македонија, која со успешно спроведените избори за претседател на државата и со темпото на реформските процеси, со право го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија“, соопшти прес-службата на македонската влада.

Според програмата, на првиот ден од официјалната посета на делегацијата на Владата, премиерот Заев ќе оствари средби и со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и со претседателот на Собранието Иван Брајовиќ

Утре ќе се одржи заедничка седница меѓу владите на двете држави, како и бизнис форум во организација на стопанските комори на двете држави, што ќе го отворат двајцата премиери и претседателите на коморите Властимир Голубовиќ и Бранко Азески.

Како што информираа од владината прес-служба, во владината делегација се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев,  како и министер за земјоделство, Љупчо Николовски, за здравство, Венко Филипче, за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки.

На седницата се очекува да бидат разгледани повеќе информации од интерес за двете земји за развивање и продлабочување на идната соработка и ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка во областите на внатрешните работи, заштитата на животната средина и здравството. Министрите во владите на двете држави пред седницата ќе имаат и одделни работни средби со своите колеги во соодветните министерства во Владата на Црна Гора.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе