Средба Заев - Ескобар: Суштинско интензивирање на регионалната соработка преку иницијативата Отворен Балкан

Целта на мојата посета е да ја нагласам поддршката на САД на стратешките определби на Северна Македонија со членството во НАТО и забрзување на интеграцијата во ЕУ, како и за партнерскиот пристап што Република Северна Македонија го покажува со прифаќањето на граѓаните од Авганистан и за активната улога за суштинско интензивирање на регионалната соработка преку иницијативата Отворен Балкан, рекол државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар на денешната средба со претседателот на македонската Влада Зоран Заев во Скопје.

Премиерот Заев на средбата го запозна гостинот со актуелната политичка состојба во земјата при што нагласи дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Македонија во НАТО, за забрзување на интеграцијата во ЕУ, за справувањето со пандемијата, за економскиот раст, и особено за актуелното прашање за соодветен и ефикасен одговор на енергетската криза.

Ескобар, кој на средбата беше придружуван од амбасадорката Кејт Мари Брнз, ја истакна целосната поддршка на САД за изнаоѓање на заеднички прифатливи одговори за билатералните прашања меѓу Македонија и Бугарија заради фактот што „иднината на Северна Македонија е во ЕУ како исклучително важна тема за САД, заедно со заедничкото стратешко учество во НАТО и со билатералното партнерството меѓу двете земји кое што е во постојан развој“, соопшти владината служба за информирање.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе