Средба Заев-Ахмети: Прво внатрепартиски разговори, потоа на лидерско ниво

Прво партиски консултации па продолжување на разговорите на лидерско ниво за зајакнување на капацитетите на институциите во Владата, е договорот на поладневната средбата меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети.

Како што соопшти владината прес-служба на средбата во Владата, што траеше околу еден час и 30 минути, а со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт договорено е дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

„Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните“, се истакнува во соопштението на Владата.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе