Берлин

Средба Пендаровски - Маас, потврдена поддршката на Германија за европската интеграција на Македонија

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, оствари средба со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Германија, при што беше констатирано дека двете земји имаат изградено односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување. Пендаровски оцени дека Германија е клучен политички партнер и најголем трговски партнер на Македонија, држава која постојано дава поддршка за нашите аспирации за членство во Европската Унија и во НАТО. Претседателот Пендаровски изрази задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во германскиот Бундестаг.

„Претседателот Пендаровски и министерот Маас разменија мислења за последните случувања поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочи дека Република Северна Македонија во изминатиот период вложи многу напори во исполнување на европските критериуми и истакна дека ќе продолжи реализацијата на реформската агенда. Во таа насока, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ“, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе