Средба Османи-Сореиде: Норвешка важен партнер и поддржувач на евроинтегративниот процес на Македонија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со делегацијата од Кралството Норвешка предводена од Министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде, на која било разговарано за билатералната соработка и за евроатлантските аспирации на нашата земја со посебен акцент на содржината на Извештајот на Европската комисија за земјава и заклучоците на Европскиот совет.

Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата истакнал дека Норвешка е наш важен партнер и поддржувач на евроинтегративниот процес.

„Кралството Норвешка не е членка на Европската унија, но таа е наш важен партнер и поддржувач на евроинтегративниот процес на Северна Македонија од самиот почеток, и задоволен сум што продолжува нашата соработка и во претстојниот период, кој претставува одлучувачки за европските перспективи на земјава“, истакна Османи, пренесувајќи ја на Министерката Сореиде благодарноста на Владата за ратификацијата на Протоколот за НАТО, како дел од севкупната поддршка и јасен израз на блиските билатерални односи меѓу двете земји.

За време на средбата, се вели во соопштението, било разговарано за билатералната соработка, проектната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за Република Северна Македонија, како и за евроатлантските аспирации на нашата земја со посебен акцент на содржината на Извештајот на Европската комисија за земјава и заклучоците на Европскиот совет.

Османи и Сореиде изразиле заедничко задоволство од работата на канцеларијата на УНОПС која се отвори минатата година, во насока на имплементација на средствата од Кралствата Норвешка и Шведска, чија билатерална поддршка претставува основа за имплементација на проектите на УНОПС во Република Северна Македонија.

Во оваа насока Османи уште еднаш изрази благодарност за таргетирањето на Секретаријатот за европски прашања, како корисник на овие средства во насока на поддршка на администрацијата во нејзината подготовка за предизвиците кои претстојат, подготвувајќи ги капацитетите за преговори со Европската Унија, изразувајќи притоа уверување дека проектот „Нордиски напредок" кој УНОПС го спроведува во Северна Македонија успешно ќе ја оствари целта за поддршка на Владата, зајакнувајќи ги капацитетите на администрацијата за интеграција на земјата во ЕУ.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе