Средба Османи-Ескобар: Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД, веќе ги дава првичните резултати

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, на маргините на Бледскиот стратешки форум, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

На средбата беше изразено задоволство од неодамна одржаниот стратешки дијалог меѓу Македонија и САД, што веќе ги дава првичните резултати под формата на американски грантови наменети за зајакнување на владеењето на правото, културата и одбраната.

"Со одржаниот стратешки дијалог со САД, билатералните односи добиваат нова прецизно дефинирана рамка за понатамошен развој, додека стратешкото партнерство дополнително се зацврстува и надградува. Посветено работиме на дефинирање на идните активности кои произлегуваат од стратешкиот дијалог и имаат за цел зајакнување на рефомските процеси и гарантирање на демократскиот напредок и просперитет на земјава" – истакна Османи.

Соговрниците се осврнаа и на евроинтегративите процеси на Македонија со посебен акцент на неодамнешното отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија. Ваквиот чекор претставува значаен влог во зачувувањето на стабилноста и напредокот на целокупниот регион, особено во контекст на актуелните безбедносни предизвици.

Воедно, на средбата беше поздравено сојузништвото меѓу двете земји во рамки на НАТО, при што беше истакната поддршката за Украина и заедничките заложби за одбрана на современите демократски принципи и вредности, како и силна осуда за руската воена инвазија.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе