Влада

Средба на Заев со конгресмените: Македонија поблиску до полноправно членство во ЕУ и НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ја прими делегацијата на конгресмени на Соединетите Американски Држави, предводени од Бил Флорес. Конгресмените на САД го честитаа постигнувањето на Договорот со Грција и оддадоа признание за досегашните реформски процеси, соопшти Службата за информирање на Владата.

Претседателот на Владата, Зоран Заев ги информираше американските конгресмени за околностите во кои беше постигнат договорот со Република Грција, придобивките од него, како и за подготовките за претстојниот референдум и за кампањата што му претходи, стои во соопштението.

На средбата присуствуваа и заменик претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за  надворешни работи Никола Димитров, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски и советниците во кабинетот на премиерот Зоран Верушевски, Митко Андреевски и Бојан Маричиќ.

Премиерот Заев нагласил дека со договорот Македонија се стекнала со нов силен пријател и поддржувач, членка на ЕУ, Република Грција. Двете земји му покажале на регионот и на светот, дека со добра волја и подготвеност, не постои нерешливо прашање.

„Со овој договор, како и со договорот со Република Бугарија и со реафирмација на односите со сите свои други соседи, како и со другите земји од регионот, Република Македонија од генератор на кризи, стана фактор на стабилизација и промотор на конструктивна соработка која го сврте вниманието на Европската Унија и САД во регионот. Даде нов импулс во зацврстувањето на јасната насока кон која се движат земјите од Западен Балкан – членство кон ЕУ и НАТО. Конгресменот Бил Флорес и другите конгресмени на средбата покажаа интерес и за други прашања од стратешко-безбедносен карактер, ја истакнаа улогата и учеството на Република Македонија во заедничките мировни мисии со САД во Авганистан и во Ирак, како активности кои ја приближуваат земјава до полноправното членство во ЕУ и НАТО, и го потврдува стратешкото партнерство со САД“, се наведува во соопштението.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе