Средба на министерот Димитров со европратениците Чолош и Кјучук

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со европратениците од политичката група „Обнова на Европа" Дачијан Чолош од Романија, претседавач со групата во ЕП и Илхан Кјучук од Бугарија, известител за Северна Македонија и член на АФЕТ.

Димитров се заблагодарил за интензивната поддршка на Европскиот Парламент во изминатиот период во однос на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и добивањето на заслужената одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.

Како што соопштија од МНР, шефот на дипломатијата Димитров информирал за последните внатрешно-политички случувања во земјата, во пресрет на предвремените парламентарни избори и за последните остварени реформски активности.

Тој ја истакнал важноста од позитивниот исход на мартовскиот состанок на Европскиот совет, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион.

„Благодараност за посетата во овој клучен период со што се испраќа сигнал за поддршка за отворањето на пристапните преговори со ЕУ, препознавајќи го значењето на моментот како и се' она што земјата го стори на патот кон ЕУ“, рекол Димитров.

Чолош на министерот Димитров му ја презентирал усвоената политика на пратеничката група во ЕП „Обнова на Европа" во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан.

Како што стои во соопштението, соговорниците размениле мислења и околу можноста за вклученост на Регионот во рамки на Конференцијата „Иднината на Европа".

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе