Членовите на ДИК и Заев се за кредибилни претседателски избори и локални избори во три града

Подготовките на сите потребни услови за успешна реализација на претстојните претседателски избори и предвремените локални избори во трите општини, Дебар, Охрид и Ново Село беа темите на денешната средба на премиерот Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски со членовите на Државната изборна комисија (ДИК), предводени од нејзиниот претседател Оливер Деркоски.

„Владата дава принципиелна поддршка, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на Државната изборна комисија, затоа што организирани слободни и фер избори се врвна демократска придобивка, се јакне демократијата и се отстрануваат сомнежи за какви било нерегуларности“, рече Заев на средбата со членовите на ДИК.

Деркоски и членовите на комисијата посочија дека таа работи професионално и го информираа премиерот Заев за преземени активности, меѓу кои активна и ефикасна едукација на членовите на избирачките одбори, како и на општинските изборни комисии со цел навремено, достоинствено и целосно да одговорат на законските обврски пред граѓаните.

„Максимално сме посветени, со зголемен интензитет на ангажирање на луѓе и логистика, согласно законските прописи, да ги оствариме приоритетите и целите за реализација на фер и демократски избори“, рече Деркоски.

На работната средба, сите учесници се согласија дека одржувањето на избори е тест за политичката зрелост на државата и изразија подготвеност и посветеност за максимална транспарентност, почит и кредибилитет на претстојните претседателски избори и локални избори во три града во државата. 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе