Средба Мицкоски-Касами, се подготвува ли нова коалиција ВМРО-ДПМНЕ-Алијанса-Беса

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера оствари средба со претседателот на движењето Беса Биљал Касами. На средбата учествуваа и генералните секретари на партиите Игор Јанушев и Арјанит Хоџа.

Тема на разговорите беше актуелната политичка состојба, стратешките интеграции на Македонија и искористувањето на потенцијалите за соработка. Мицкоски и Касами се согласија со оценката дека власта ги закочи интеграциските процеси кои треба да се динамизираат со крупни реформи кои досега не се реализирани. На средбата беше посочено дека останува акутен проблем постоењето на корупција на високо ниво, постојат отворени сомневања за криминал на раководни структури на власта како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава. Беше договорено во иднина да продолжат ваквите средби во насока кој ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Со овие оценки во однос на власта, барем според досегашните јавни настапи на Зијадин Села и Арбен Таравари, се согласува и партијата Алијанса за Албанците.

Од овие средби и заеднички заклучоци веќе може да се насети новата коалиција за наредните парламентарни избори.   

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе