Средба Ковачевски-Шентоп: Македонија е пример како државата се грижи за сите граѓани подеднакво

Премиерот Димитар Ковачевски, се сретна со Мустафа Шентоп, претседател на Големото национално собрание на Република Турција.

На состанокот заеднички се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави, коишто бележат унапредување, што го покажува растот на трговскиот обем во 2021-та година, како и тоа што турски компании се меѓу најголемите инвеститори во земјава.

Оценето е дека државава се грижи за сите граѓани подеднакво, дека Македонија е пример како граѓани од различни култури, вери и етнички заедници можат да живеат заедно во една држава, во хармонија и дека е тоа значаен придонес во мирот на Балканот.

Во таа насока, пренесено е дека Турција ја поддржува Македонија што поскоро да ги почне преговорите со ЕУ, со надеж дека тоа ќе се случи во најскоро време, бидејќи се смета дека евроинтеграциите на нашата држава се од големо значење за стабилноста на регионот, но и пошироко.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за искрената и континуирана поддршка од Република Турција во напредокот на Република Македонија од осамостојувањето на државата до денес.

Во однос прашањето со Бугарија, премиерот Ковачевски потенцираше дека решение е можно ако двете страни се посветени на достоинствени разговори базирани на европските вредности и во духот на меѓусебно почитување.
Во однос на ситуацијата во Украина, претседателот на Владата Ковачевски посочи дека нашата држава продолжува со политиките коишто се целосно на линија на ЕУ и на НАТО.

На средбата е констатирано дека развојот на односите помеѓу Македонија и Турција продолжуваат да се развиваат, на планот на економијата и како држави партнери во рамки на НАТО алијансата.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе