Средба Ковачевски-Петков: Имаме причини за оптимизам од унапредувањето на соработката

На маргините на вонредниот Самит на НАТО Брисел, премиерот Димитар Ковачевски се сретнал со бугарскиот колега Кирил Петков.

Како што напиша Ковачевски на Фејсбук, двајцата премиери взаемно изразиле задоволство од динамиката на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија преку работните групи кои се остваруваат во тековниот период, како и од потпишаните договори и меморандуми за соработка во повеќе области од заеднички интерес.

„Оценивме дека правиме сериозни чекори напред и со целосното усогласување на надворешната и безбедносната политика на Северна Македонија со политиките на ЕУ со што ги продлабочуваме односите меѓу двете држави и го подигаме нивото на политички дијалог. Имаме причини за оптимизам од унапредувањето на соработката меѓу двете земји со што се забрзува процесот на европска интеграција на Северна Македонија,“ напиша Ковачевски на Фејсбук. 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе