Средба Ковачевски-Ауреску: Сега e моментот за исчекор на Македонија кон ЕУ

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Богдан Ауреску, министер за надворешни работи на Романија.

На состанокот, од романскиот премиер Николае Чука се пренесени поздрав и покана за официјална посета на премиерот Ковачевски на Букурешт, како и силна поддршка за евроинтеграциите на нашата држава.

Оценето е дека сега e моментот за исчекор на Македонија во евроинтеграцискиот процес со најава дека Романија продолжува да се заложува за решение на овој пат.

На средбата е разговарано за повеќе актуелни прашања, како и за унапредување на билатералните односи.

Заеднички е потенцирана важноста на членството во НАТО и на Македонија и на Романија, што ја истакна војната во Украина, како една од најзначајните одлуки што ја донеле двете држави за безбедноста и стабилноста во земјите, но и во регионот.

Разговарано е и за потребната солидарност и меѓусебна поддршка во надминување на предизвиците од војната во Украина меѓу државите во регионот, како и во рамките на НАТО и ЕУ.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големата и пријателска поддршка од Романија за европските интеграции на нашата држава и упати возвратна покана до премиерот Чука за посета на Македонија.

Тој соопшти дека со бугарскиот премиер Петков имаат принципиелни односи и дека Република Македонија останува посветена на развој на добрососедските односи и на достоинствени решенија за отворените прашања, за двете страни.

Во однос на руската агресија во Украина, премиерот Ковачевски посочи на позициите на нашата држава коишто се поставени стопроцентно на линија на политиките на Европската Унија.

Што се однесува до билатералната соработка помеѓу Македонија и Романија, оценето е дека се одвива добро, дека трговијата бележи раст и е заеднички изразена определбата за развој на односите по важни прашања за граѓаните и за двете држави.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе