Во Грција во моментов има повеќе од 30 илјади бегалци. Таа бројка многу повеќе се зголемува, отколку што се празни на Кота 59 на македонско-грчката граница, и натаму единствениот легален премин за бегалците на патот за Европа. Во Грција на 28 локации и 7 транзитни центри се распоредени мигрантите.
Новата политика на Србија е „колку ќе излезат, толку ќе влезат мигранти“ заради исполнетост на капацитетите од 2.000 лица. Во Германија, полицијата од Баварија наводно се подготвува за можно затворање на границата со Австрија, јави германскиот радиодифузен сервис Баварско радио. Ограничувањето на бројот на бегалците го најавуваат и Словенија и Хрватска.
Мапа на Грција каде се сместени бегалците
На Табановце во последните 24 часа (до полноќ) пристигнале 347 мигранти од кои 173 се вратени од Србија (131 од Сирија и 42 од Ирак). Вo Табановце има вкупно 782 мигранти (599 од Авганистан), 7 од Пакистан кои Србија не сака да ги пропушти. Во Табановце има и 42 лица од Ирак и 134 од Сирија.
Во прифатниот центар во Гевгелија има 580 лица и 123 кои доброволно се вратиле, но не можат да влезат во Грција. Во кампот Сехово (Идомени) на грчка територија веќе има повеќе од 5.000 бегалци. Дел од нив протестираат и бараат влез во Македонија, а групи од нив тргнуваат кон Албанија.
Македонската армија продолжува да поставува нова жичена ограда вдолж македонската граница со Грција.
А.Д.