ЊУ ЈУРОП

Спорот околу името на Македонија: Дали ѕвездите се местат за нов притисок на САД?

Во сенка на неуспешните разговори за Кипар, уште едно критично регионално прашање за Грција и за Западен Балкан се враќа во фокусот: долготрајниот спор околу официјалното име на Република Македонија (признаена под тоа име од многу светските сили) или на „поранешната југословенска Република Македонија" (примена со ова име во ОН под притисок на Грција и Кипар).

По промената на власта во Скопје кон крајот на мај, лесно може да се наведат причините зошто евроатлантските аспирации на Скопје за влез во ЕУ и НАТО би можеле да станат остварливи. Голема е надежта дека новата мултиетничка коалициска влада на Зоран Заев во Скопје ќе биде помогната од сите страни. Решавањето на спорот околу името помеѓу Грција и Македонија е клучот во отклучување на речиси сите напори за евроатланска поддршка со кои ќе се зацврсти земјата во Европа и во НАТО, пишува весникот Њу Јуроп (New Europe).

Интересот на Вашингтон за поддршка на процесот на интеграцијата на Македонија не можеше да биде појасен, особено откако Стејт департментот проговори за руските малигни влијанија на Западен Балкан и откако ги калибрираше своите стратегии за помош на земјите во регионот за да се спротивстави на руските иницијативи за дестабилизација.

Со оглед на тоа што грчката страна јасно ја призна потребата за поддршка на целосната интеграција на Македонија во евроатланските структури, како и општата цел за борба против руското злосторство на Балканот, се надеваме дека Атина и Скопје ќе можат да генерираат придвижување во преговорите за спорот околу името без премногу надворешни мешања. Тоа се чини дека се случува сега, па во наредните денови и недели ќе имаме појасен поглед на улогата на САД и ЕУ во сето ова. Скопје не чекаше многу, па го испрати министерот за надворешни работи (и поранешниот преговарач за спорот за името) Никола Димитров во Атина во средината на јуни на консултации со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Се чини дека двете земји ја препознаа потребата за придвижување, дури и пред да се вклучи специјалниот претставник на ОН за спорот за името, Метју Нимиц. Тој го посети Скопје од 2 до 4 јули по тригодишно отсуство и денеска се состана со грчкиот министер Коѕиас во Брисел, откако на почетокот на јули не се оствари средбата во Атина.

Во минатото, практично секоја мисија на Метју Нимиц беше цврсто координирана од Вашингтон. Иако играчите во Стејт департментот се менуваа низ годините, нема причина да се мисли дека тесната координација не се случува и дека тој не работи на планирање на средби на високо ниво на маргините на Генералното собрание во септември, и покрај малите  очекувања за брзи резултати изразени кога тој беше во Скопје.

Што ако од засилената американска улога во спорот се дојде до решение? Времето ќе покаже, но ѕвездите се чини дека се наместија во позитивна формација. Стејт департментот на САД, се разбира, дека не е ни блиску до полната сила за да може да ја искористи моменталната позитивна политичка ситуација. Се слушнаа и шпекулациите дека актуелниот заменик помошник секретар за балкански прашања ќе биде назначен за Скопје како амбасадор. Ова најверојатно значи дека решавањето на прашањето за името ќе стане еден од главните оперативни приоритети на европското биро во Стејт департментот.

САД е во особено силна позиција да ја убедат владата на Ципрас во Атина да се придвижи кон брзо решение. Премиерот Ципрас наскоро ќе го посети Вашингтон, па напредокот во спорот околу името ќе биде важно регионално прашање и на врвот на агендата. Коалициската влада на партијата Сириза изрази сериозна загриженост во врска со некоја формулација за сложено име (горна Македонија...) како евентуално решение, владата на САД би можела да помогне да се постигне договор со бројни тивки билатерални обврски кон Атина. На крајот, ова може да има смисла само ако сите страни во овие преговори се согласуваат со потребата за зајакнување на демократскиот развој во Скопје и за одбивање на сите руски напори во регионот. Искусните дипломати во Атина, Скопје, Вашингтон, Брисел и во Њујорк прецизно ќе ги разгледаат сите видови на засладувачи кои би можеле да бидат доволни (можеме да наброиме најмалку десетина) за да ја зголемиме довербата на Атина и да направиме прогрес кон постигнувањето договор .

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе