Судовите решија

Според регистарот нов поглавар на ИВЗ е Скендер Бузаку, а во канцеларијата на реисот влезен е Сулејман Реџепи

Во единствениот судски регистар на цркви, верски заедници и религиозни групи од денеска како нов поглавар на Исламската верска заедница е запишан Скендер еф. Бузаку од Скопје, Средно Коњари. Досегашниот поглавар Сулејман Реџепи денеска влезе во канцеларијата на ИВЗ на улицата „Чаирска" број 52. Тензиите меѓу приврзаниците на Реџепи и неговите противници продолжуваат.

Однесувањето, неговите постапки, изјави, непотизам, сомневање за криминал, говорот на омраза на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи го привлекува вниманите на јавноста, а и на одредени надлежни државни институции. Од Финансиска полиција велат дека по вчерашната пријава денеска ќе решат како ќе постапуваат.

Вчерашното објавување на судското решение за промена на реисот на ИВЗ уште повеќе ги разбрануваа страстите меѓу верниците.

Актуелниот поглавар на ИВЗ Реџепи утрово дојде во седиштето, но не сакаше да коментира ништо во врска со преземањето на ИВЗ од страна на Скендер Бузаку. Во ИВЗ утрово дојде и Киро Стојанов, бискуп на Скопската бискупија на Католичката црква.

Вчера пред ИВЗ имаше зголеменото полициско присуство. Бузаку тврди дека за ваквата смена постои и судска одлука и дека законот треба да се почитува.

Реџепи за сѐ ја обвини Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и рече дека никогаш нема да го признае директорот на комисијата, Даријан Сотировски. На ова реагираше и Сотировски.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе