По интервјуто на премиерот во Вашингтон

Според „Екатимерини“ МИА по интервенција од Атина ја поправи изјавата на Заев, МРТ засега не менува ништо

Грчкиот весник „Екатимерини" открива дека по интервенција од Атина македонската државната новинска информативна агенција ја сменила изјавата на премиерот Зоран Заев дадена за Македонската телевизија во Вашингтон. На интернет страницата на МРТ стои непроменетата изјава на македонскиот премиер.

Во изјавата за МРТ, по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс во Вашингтон, Заев вели дека „додавката 'северна' нѐ боли сите исто, но нема друга Македонија освен нашата, со тоа ќе биде призната од цел свет и ќе заврши понижувањето со ФИРОМ. Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има ниедна друга во светот“, рече Заев.

„Екатимерини“ тврди дека во првата верзија на текстот објавена на МИА, изјавата на Заев била коректно пренесена. Но, по интеревенција на Атина, пишува грчкиот весник, МИА објави ваква изјава на македонскиот премиер: „Сите знаеме денес дека дел од геополитичкиот регион од Македонија е во Грција, дел во Бугарија и северниот е во нашиот дел. Придавката „северна” прави разлика и ние потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и во Грција кои се нарекуваат Македонија“, пишува во текстот на „Екатимерини”.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе