„Сплотени во победа“ е мотото со кое Иницијативата за вонреден конгрес најавува консолидирање на ВМРО-ДПМНЕ

„Сплотени во победа“ е слоганот кој што Иницијативата за предвремен конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го одбра за конгресот што го најавија за 28 март. На денешната прес-конференција претставници на Иницијативата изјавија дека веќе се собрани многу потписи и очекуваат поголема посетеност отколку на конгресот во Валандово.

„Без силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ не можеме да се надеваме на силна и обединета Македонија. Без разлика дали станува збор за власт или опозиција, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ не е на висина на името кое го носи и застранува, тоа се одразува на државата.
Затоа на ВМРО-ДПМНЕ му треба будење и консолидирање. На ВМРО-ДПМНЕ му треба соочување со грешките и со реалноста. На ВМРО-ДПМНЕ му треба нова енергија која ќе го поведе во нови победи“, изјави Борче Стамов.
Според него, сите искрени и чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ се загрижени за случувањата во партијата и за поразите на сите избори во последните три години.
„За претседателските раководството не убедуваше дека ‘жена ќе биде‘ иако никој во Гордана Силјановска не препознаваше кандидат на ВМРО. За парламентарните раководството не убедуваше дека победата ќе биде убедлива со повеќе од десет пратеници разлика. Видовме дека тоа беа пусти лаги и наместо победа, доживеавме уште еден пораз. Беше ветувано дека ВМРО-ДПМНЕ ќе состави влада и дека ќе ја води државата, но и тоа се испостави дека се празни зборови за да се смири членството.
Изминативе шест месеци се ветува ново мнозинство, а СДСМ останува на власт, додека граѓаните и државата влегуваат од една во друга криза. Во ваква ситуација, да не може да се победи еден слаб и неодговорен СДСМ, значи дека нешто не е како што треба во ВМРО-ДПМНЕ“, рече Стамов.
Партијата, како што вели, може и денес да победува, ама треба отчетност, транспарентност и одговорност, искреност и чесност.
Првиот чекор во таа насока, рече е организирањето на 17-от Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ закажан за 28 Март во Скопје под мотото „Сплотени во победа“, а заеднички интерес е ВМРО-ДПМНЕ да тргне напред.
„367 делегати во Валандово го дадоа својот глас за се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски и заслужуваат лично од него, на конгрес да слушнат дали е задоволен за тоа каде е партијата после три години и дали резултатите кои ги оствари се максимумот што можел да го постигне.
Отчет заслужуваат и делегатите од Валандово кои не гласаа за него, заради тоа и што вети дека доколку не победи на изборите и не формира влада ќе си поднесе оставка.

Зборот е збор и не може да очекуваме власта да го почитува, доколку тоа не го прави првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. Иницијативниот одбор, делегатите на конгресот и илјадниците членови на месните и општински комитети кои ја поддржуваат идејата за Вонреден конгрес не заслужуваат да бидат навредувани и нарекувани од Мицкоски со погрдни зборови. Тие не се ничии слуги, ниту се криминалци или предавници. Тоа се луѓето кои му дадоа да води партија која што на претходните парламентарни избори освои 455. 000 гласови.
Затоа Мицкоски им должи на делегатите. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде храбар и да се соочи со своите сопартијци“, додаде Стамов.
Според него, во Скопје на 28 март секако ќе се гласа оценка на работата на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски. Дали Мицкоски го исполни ветувањето дека ќе ја обедини партијата и ќе ја врати на победничките патеки? Дали Мицкоски го поврати угледот и поддршката што ја имаше ВМРО-ДПМНЕ кај меѓународната заедница? Дали Мицкоски ги зголеми коалициските капацитети кои ги вети во Валандово? Сите овие прашања заслужуваат одговор и мора да бидат дискутирани со делегатите.
Доколку не ја добие довербата, тогаш Конгресот ќе бира нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ и затоа уште еднаш, како Иницијативен одбор, сакаме да ги повикаме сите заинтересирани да подготват програма со која што ќе настапат пред делегатите.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе