Портпаролката на Европската комисија

Спинант: Тоа е јазик што се користи во Северна Македонија, кој Фон дер Лаен го нарекува македонски

Изјавата на претседателката значи тоа што значи. Таа зборуваше за јазикот што го користат луѓето во Северна Македонија, кој таа го нарекува македонски јазик, одговори Дана Спинант, портпаролката на ЕК, на потсетувањето од дописничката на МИА дека Фон дер Лаен вчера во македонскиот парламент го употреби вистинскиот термин македонски јазик.

Фото: скриншот

,,Нема сомнеж дека вашиот јазик е македонскиот јазик. И ние целосно го почитуваме тоа", рече вчера Фон дер Лаен во македонскиот парламент.

Денеска, пак, на прес-конференција во Брисел, на прашањето од дописничката на МИА дали тоа значи дека Комисијата го признава јазикот како македонски, портпаролката на самата Фон дер Лаен нејасно и до некаде контрадикторно одговори: ,,Тоа значи тоа што го кажа претседателката. Јас сега нема да се зафатам со толкување на сите синоними во параграфите од изјавата на претседателката вчера. Тоа е јазик што го користат луѓето во Северна Македонија".
 
 

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе