Според Танјуг

СПЦ реши да ги продолжи преговорите со Македонската православна црква

Светиот архиерејски собор на СПЦ донел одлука да ги обнови преговорите за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) и да ги продолжи разговорите за тоа со нејзини претставници, јави Танјуг.

Српскиот весник, повикувајќи се на извори од врвот на СПЦ, информира дека прашањето за МПЦ-ОА вчера било единствена тема на претпладневното заседание на највисокото црквено тело.

Како што пренесе Танјуг, со спроведувањето на одлуката за продолжување на дијалогот со МПЦ-ОА, СПЦ ќе се занимава после заседанието на Соборот, Светиот архиерејски синод на СПЦ.

Неименуван извор за „Политика“ изјавил дека „српската црква не сакала да иницира обновување на дијалогот со Македонците се додека Јован Вранишковски бил во затвор“. „Тој, меѓутоа, е пуштен на слобода во 2015 година и учествува и на овој, како и на неколку претходни заседанија на Соборот на СПЦ, заедно со владиките на Православната охридска архиепископија, која је под закрила на српската црква“, пишува Танјуг цитирајќи го белградскиот весник.

Неделава и вселенскиот патријарх Вартоломеј реши да го отвори прашањето за решавање на конечниот статус на македонската црква. Одлуката на Светиот синод на Цариградската патријаршија да го отвори ова прашање е врз основа на барањата на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на Владата на Република Македонија за решавање на статусот.

Иако во соопштението од Вселенската патријаршија не се соопштуваат детали за разговорот по ова прашање, сепак поставувањето на дневен ред, како што велат аналитичарите, значи ставање во процедура на ова барање.

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе