НЕСРЕЌА КАЈ КОЖЛЕ

Спасувачи се обидуваат да најдат преживеани, најдено е изгорено тело кај паднатиот авион

Aвионот што попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е пронајден на два километри над селото Кожле, Катлановско. Полицијата засега не пушта никого да се приближи до местото на урнатиот авион, каде што од далечина се гледа пожар.

Во близина на местото на падот на авионот е најдено едно изгорено тело, според неофицијални полициски извори.

Во 17.40 часот денеска попладне авион „пајпер“ 4 минути пред слетувањето бил изгубен од радарот на контролата на летање на скопскиот аеродром. Авионот со германски регистрации полетал од италијанскиот град Тревизо, а во Скопје бил пријавен за дополна на резервоарот со гориво.

Авионот двомоторец „пејпер“ имал место за шест патници. Не се знае колку патници имало во авионот при полетувањето од Тревизо.

Падот во полиција го пријавиле мештаните од селото Кожле. Во моментов спасувачки екипи се на терен.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе