По објавите преку социјалните мрежи

Спасовски: Видеата не помагаат, полицијата успешно интервенира

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во врска со нападите врз полициските службеници посочи дека е важно да се работи на детектирање на точните причини кои доведуваат до вакви случаи. Ако го погледнете видеото кое беше објавено за случувањата пред „Силбо", ќе видите дека полициските службеници брзо, ефикасно, навремено си ги преземаат сите овластувања, вели Спасовски.

За таа цел, како што соопшти, вчера одржале заедничка средба со Факултетот за безбедност, на која договориле да се направи посебна анализа за овие случаи, а притоа да се креираат програми, модели, модули, курикулуми низ кои ќе поминуваат полициските службеници, пред се раководниот кадар во полицијата.

„Граѓаните мислат дека колку повеќе ќе направат паника во однос на преземање на одредени полициски дејствија или службени овластувања кои ги имаат полициските службеници, толку повеќе ќе направат притисок врз полициските службеници во однос на спроведувањето на Законот и на тоа најчесто се должи ова што ни се случува. Тоа не се напади, туку обиди да бидат нападнати полициските службенци и притоа снимајќи видео клипови објавувајќи ги во јавноста, повикувајќи се на тоа дека, еве полицијата употребува прекумерна сила", вели Спасовски.

Според него, нема нападнати полициски службеници кои не успеале да одговорат, туку во одредени случаи се укажала потреба за употреба на службени овластувања при вршењето на своите должности.

„Ако го погледнете видеото кое беше објавено за случувањата пред „Силбо", ќе видите дека полициските службеници брзо, ефикасно, навремено си ги преземаат сите овластувања кои ги имаат се со цел да бидат приведени таквите лица. Во тој дел не станува збор за напад, туку се само обиди кои ги прават одредени граѓани“, рече Спасовски.

Тој апелира до сите граѓани да ја почитуваат македонската полиција заради тоа што, како што нагласи, само таа ја одржува безбедноста, мирот и јавниот ред во државата.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе