Кампања дигитална трансформација на МВР

Спасовски вели дека граѓаните ќе имаат побрзи услуги и поефикасна полиција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја најави кампањата Дигитална трансформација на МВР. Оваа кампања, како што нагласува, ќе придонесе кон побрзи услуги до граѓаните и поефикасна полиција, а е во насока и на зелената агенда, придонесувајќи и кон заштеда на ресурси.

Тој на својот фејсбук профил информираше дека во периодот од 2017 до 2022 година МВР реализираше бројни активности во насока на дигитална трансформација на системите и процесите.

„Целта на овие активности е зголемување на ефикасноста како во услугите кон граѓаните, така и во интерните процеси на министерството, но пред сѐ да се одговори брзо на барањата на граѓаните за јавни услуги кои стануваат сѐ почесто барани“, додаде Спасовски.

Според министерот, дигиталната трансформација отвора можности за достапен, транспарентен и респонзивен систем, кој содржи значајни елементи и на борба против корупцијата.

„Откако ова раководство стапи на чело на МВР, на стратешко ниво беа поставени активностите во насока на дигитализација и дигитизација, во контекст на реализација на целите коишто беа поставени во потпрограмите за „Развој на полицијата" и „Унапредување на заедничките функции на МВР": унифициран и брз проток на информации во МВР; подобрување на услугите кон граѓаните и сервисна ориентација на МВР; повисока безбедност и надградба на телекомуникацискиот и информатичкиот систем на МВР, обезбедена квалитетна ИКТ инфраструктура и користење на нови технологии и мерки за информатичка безбедност“, потенцираше Спасовски.

Сето ова, како што напомена, мора да биде придружено со напредна технологија и информациско-комуникациска инфраструктура, како и дигитално обучен кадар.

„Мерките и активностите на МВР за дигитализација на услуги и процесите се комплементарни со Програмата DIGITAL, нова програма на ЕУ насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе