Спасовски уверува: Нема штетен отпад увезен во државата

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска уверуваше дека во државата не се увезува опасен отпад и апелираше да се проверуваат информациите кога се работи за така чувствителна материја, откако излегоа аферите со увозот на отпад во Бугарија. 

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новата операциска сала на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Спасовски напомена дека и Јавното обвинителство покрена постапка за испитување на наводите во јавноста за наводно увезување штетен отпад во земјава.

„Од Министерството за животна средина и просторно планирање имаме информација дека увезувањето на отпадот е оној што е дозволен и за кој се поседуваат одредени сертификати, дека нема штетен отпад што се увезува во државата. Добро е што Град Скопје презема чекори за средување на состојбите. Институциите тоа мора да го следат. Мора да ги јакнеме капацитетите во смисла на лаборатории како можност за испитување на сé она што влегува во државата и сите заеднички да направиме сé за да ја подобриме животната средина“, изјави Спасовски.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе