За да не се прекршат здравствените мерки

Спасовски упати предупредување - за Водици ќе има голем број на полициски контроли

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати апел до верските заедници и граѓаните да ги почитуваат мерките за претстојниот празник Водици. Како што рече денеска на прес-конференцијата во МВР, за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности. Организирани се со посебни планови за да се спречат собирања, а разговарано е и со МПЦ.

„Да нема дилеми, секако дека тој што нема да ги почитува мерките ќе сноси одговорност, наласи Спасовски.

Во однос на новинарското прашање за големиот број граѓани што се собрале на бесплатно скијање на Нижеполе, во споредба со карневалџиите излезени во Вевчани каде интервенираше полицијата, Спасовски оцени дека станува збор за спонтано собирање.

„Секаде се постапува, дали е тоа на настани коишто се организираат од страна на организаторите, дали собирање некаде каде што е спонтано. Ова е практично собирање на граѓани коишто спонтано се собираат", рече Спасовски.
Вели дека не може да се очекува само МВР да влијае во однос на ваквите настани, туку е важно и како се однесуваме како граѓани.

„Сите активности кои ги преземавме во изминатиот период дадоа резултати во поглед на намалување на бројот на заболени од коронавирусот. Тоа покажува дека мораме да ја јакнеме пред се јавната свест", нагласи министерот за внатрешни работи.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе