Спасовски-Тимоние: Правдата да важи за сите и да нема застарување на случаи

Владата ќе работи динамично. Посветени сме да продолжи напредокот во сите можни сегменти, најавил техничкиот премиер Оливер Спасовски на средбата со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

На средбата, како што соопшти владината прес служба, било констатирано дека Македонија постигна многу на домашен и меѓународен план и дека се движи во вистинска насока во однос на интеграциите. Притоа била изразена надеж дека преодната Влада ќе се фокусира на обезбедување фер и демократски избори, како и очекување дека ќе продолжат реформските процеси со активно темпо, како придонес на позитивен развој на процесите.

„Владата ќе работи динамично. Посветени сме да продолжи напредокот во сите можни сегменти. Нашата определба се функционални институции, активно вклучени во реформските процеси, во интерес на сите граѓани и на интеграциските процеси на државата. Покажавме дека договореното се почитува, преодната Влада беше формирана согласно политичкиот договор, како и законските и уставните услови, без никакви проблеми и ова е доказ дека нашиот политички и институционален систем функционира добро. Ќе продолжиме со политиките на дијалог што придонесуваат кон добра клима во државата. Општите и државните интереси мора да бидат во прв план кај сите политички субјекти. 2020 година е значајна година за граѓаните на нашата држава, поради остварувањето на полноправното членство во НАТО, но подеднакво важни за нас се и европските интеграции. Очекуваме дека 2020 година ќе го направиме најдоброто во пријателството помеѓу нашите две држави и дека тоа ќе функционира на високо ниво“, изјавил Спасовски.

На средбата, исто така, како важно заеднички било посочено функционирањето на правдата, правдата да важи подеднакво за сите, да нема застарување на случаи. Спасовски ја нагласил определбата за охрабрување на Судскиот совет и на другите надлежни институции да придонесат во функционален правосуден систем. Спасовски и Тимоние се согласиле и дека Законот за јавно обвинителство е од голема важност во правосудните реформи. 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе