Спасовски: Сите политички субјекти да бидат на висина на задачата за новиот закон за јавно обвинителство

Премиерот Оливер Спасовски не очекува застој во носењето на новиот закон за јавно обвинителство, при што порача дека е неопходна соработка на вклучени страни во процесот.

При неговиот престој во Кочани по повод празникот Богојавление – Водици, тој нагласи дека се работи за прашање од висок државен интерес.

Ќе направиме сè во наредниот период да работиме сите заедно и сметам дека секој од политичките субјекти треба да биде на висина на задачата. Да разговараме и да изнајдеме решение, со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија, истакна Спасовски.

Премиерот даде краток одговор и на новинарско прашање за пристапувањето на земјата кон НАТО.

Тоа е тековно прашање и очекуваме дека ќе се заврши во најскоро можно време. Македонија ќе стане триесетта земја членка на НАТО, додаде Спасовски.

Во врска со најавените измени во Законот за медиуми, Спасовски истакна дека се прават неопходните анализи и од добиените податоци, во комуникација со медиумите, ќе биде предложено соодветно решение.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе