„Ова е прашање коешто не се заснова на ниту еден факт и мислам дека е најдобро да ги чуете, да ги дочекаме сите аргументите и фактите коишто се однесуваат на целиот овој процес и тие аргументи и факти да ги пласираме во јавноста. Ние во текот на денот ќе излеземе со конкретна информација за овој случај и ќе ги знаеме сите податоци и факти. Тие факти и податоци не соодветствуваат со вашите факти и шпекулации. Многу работи што ги кажавте се шпекулации, нагласи Спасовски, одговарајќи на прашањето колку синот на Буши е опфатен со истрагата за кражбата на маслото од канабис со оглед на тоа што неговиот автомобил бил фотографиран дента кога се случила кражбата во „5 Леттерс", рече министерот Спасовски.
Спасовски: Секој што направил прекршок ќе одговара, сеедно дали е министер, директор или обичен граѓанин

Политика
Објавено на
30 Ноември 2022 - 11:29