Предвремени парламентарни избори

Спасовски: Се обврзуваме на државна поддршка од 600 милиони евра за домашните претпријатија

Бараме мандат да продолжиме со евроатлантските интеграции, со коишто ја осигуравме иднината на државата, за да има уште повеќе пари кај граѓаните со новата развојна економија. Тоа ќе биде нов мандат во којшто минимална плата што досега ја зголемивме за дури 120 проценти во споредба со 2016 година – на 14.500 денари, ќе достигне до 20.000 денари, просечната плата ќе порасне на 34.000 денари, растот на пензиите од речиси 1.800 денари за две и пол години ќе продолжи и со раст од најмалку 21 отсто на најниските пензии и со минимална пензија од најмалку 10.700 денари, порача денеска потпретседателот на СДСМ и носител во ИЕ 2 Оливер Спасовски.

Тој посочи дека е важно граѓаните да излезат на гласање и, како што рече, да продолжиме по правиот пат, затоа што на спротивната страна од сигурната иднина што ние ја гарантираме на реални основи, е опасноста од криминалното, несериозно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

„Донесени се здравствени протоколи за безбедна реализација на гласањето на изборите на 15. јули. И неопходно е сите да сме одговорни кон себе, кон нашите деца и млади и кон иднината на државата. Неопходно е да излеземе на гласање, да гласаме, да избереме целосно функционални институции коишто со ингеренциите во полн капацитет, уште поуспешно ќе се грижат за јавното здравје, за економијата и за евро-атланските интеграции со коишто нашата заедничка иднина е сигурна, а со што режимот и опасностите што доаѓаат со него, остануваат во мрачното минато“, потенцира Спасовски.

Потсети дека ВМРО-ДПМНЕ беше против покачувањето на минималната плата, на просечната плата, како и покачувањето од 300 проценти на социјалната помош .

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат политички да дестабилизираат, тие и сега ги проблематизираат меѓуетничките односи дома и односите со соседите и со меѓународната заедница, како и евроатланските интеграции и нивната цел е изолација по сите основи, за тие на раат да крадат. Ако не гласаме, нема повисоки плати и пензии, нема поголема социјална поддршка, нема поврат на ДДВ, нема евтина тарифа на струјата, нема домашни платежни картички за граѓаните со ниски примања, за младите, за пензионерите, за стечајците, за невработените – пасивни баратели на работа“, посочи Спасовски.

Во Програмата за новиот мандат, додаде, го гарантираме правото на домување за време на кризата предизвикана од коронавирусот, преку превенција на насилно иселување од домовите поради извршни наплати или активирани хипотеки на лицата кои претрпеле финансиски штети.

„За само две години, во период од 2020 до 2022 година ќе изградиме 777 социјални станови со што овозможуваме и кров над глава на ранливите категории граѓани. Продолжуваме да насочуваме уште повеќе пари кон граѓаните и за потребите на граѓаните. И ова е една од клучните разлики помеѓу коалицијата „Можеме" предводена од претседателот Зоран Заев и режимот на Груевски чијашто продолжена рака е Мицкоски. Тие се борат за обнова на режимот, за да продолжат да ви ги крадат парите“, посочи Спасовски..

Вети дека во новиот мандат ќе продолжи младинската поддршка и со поврат на персоналниот данок на сите нововработени млади во производство и во земјоделство, покривањето на придонесите на секој работодавач кој ќе ја зголеми платата на вработените до 6.000 денари.

„Тоа ќе биде нов мандат во којшто влегуваме со најава за четврт сет мерки и домашни платежни картички од по 9.000 денари и за пензионерите со пензии до 15.000 денари, стечајните работници, самохраните родители, невработените – пасивните баратели на работа, покрај граѓаните со ниски приходи и младите. Со домашните платежни картички за купување домашни производи и со ваучерот за туризам, досега вративме 28 милиони евра кон повеќе од 324.000 граѓани. Овие мерки се реални бидејќи во наредниот мандат се обврзуваме на државна поддршка за домашните претпријатија и странските инвестиции во висина од 600 милиони евра“, рече Спасовски.

Мерките се возможни, нагласи, бидејќи само во првите 15 дена од јуни имаме приходи во Буџетот коишто се поголеми од 5 – 7 проценти во однос на јуни 2019, што покажува дека сме во добра економска кондиција.

„И ако за три години имаме 660 милиони евра странски инвестиции што се должат и на добрата бизнис клима и на НАТО и ЕУ интеграциите, реално е, според најавите што ги имаме и пред договорите склучени со одредени компании, за четири години, да имаме милијарда евра странски инвестиции“, истакна Спасовски.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе