Министерот за внатрешни работи вели дека се надминати проблемите

Спасовски: По надградбата на системот личните документи ќе се издаваат со уставното име

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Собранието најави дека во моментов се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник ќе стартува издавањето на сите лични документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци. Тој рече дека во изминатиот период немаше проблем со издавање на лични документи, но дека има зголемена побарувачка за пасоши и нагласи дека единствено има проблем во издавањето на дипломатски пасоши за кои во моментов нема ниту од старите, ниту од новите обрасци. 

Пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ во пратеничкото прашање до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека граѓаните имаат проблем да извадат пасош, нема термини, нема обрасци, но дека министерот упорно, како што нагласи, тврди дека такви проблеми нема. И самата, рече, се уверила дека постои проблем, бидејќи кога се јавила за закажување ѝ било речено дека пасоши нема.

Министерот Спасовски одговори дека е факт дека МВР има патни исрави и дека лични документи се издаваат.

„Факт е дека има проблем со дипломатските пасоши и кога зборувате како за личен пример во право сте. Нема дипломатски пасоши во моментов. Но тоа е проблем за функционерите, но јас и секој од нас може да патува со редовниот пасош кој го поседува. Ако вие пратеничке, преферирате да патувате со дипломатски пасош, тогаш ќе си почекате", одговори Спасовски.

Тој рече дека нема застој во издавање на пасоши, лични карти и возачки дозволи. Во минатиот месец биле издадени 31.000 пасоши, 22.552 лични карти и 10.660 возачки дозволи. Во јуни, рече, е зголемено побарувањето, дадени се 31.500 термини за патни исправи.

При тоа, Спаспвски информира дека во моментов шалтерите не работат, затоа што се врши миграција на податоците во надградениот софтвер, по што новите лични документи ќе се издаваат со уставното име на државата. 

Во однос на проблемот со регистерските таблички министерот рече дека се надминува, а дека проблемот бил настанат поради тоа што за разлика од минатото, сега покрај старата, се појавила уште една фирма на јавната набавка, и дека законскиот принцип за конкруентност мора да се почитува.

„По забелешките од Бирото за јавни набавки беше обезбедена конкурентност. Проблемите сега се надминати, во понеделникот се пристигнати 14 илјади таблички во магацините на МВР.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе