Предвремени парламентарни избори

Спасовски: По 20 години луѓето добиваат вода и канализација

Изградивме Вакум станица за фекална канализација за цело Јурумлери, прва од ваков вид во Македонија. Јурумлери, за прв пат после 20 години добива фекална канализација и се ослободува од црна кал, а ВМРО-ДПМНЕ со години овде беше власт и не направи ништо освен што им ги крадеше парите за својата Бела палата, истакна поладнево носителот на листа во втората ИЕ од коалицијата „Можеме" Оливер Спасовски.

Првата фаза, рече тој, е изведена со поставување на инфраструктурата кон две улици и домаќинствата и продолкжува втората фаза кон другите краци.

„ВМРО-ДПМНЕ им бараше самопридонес на граѓаните за водовод и канализација, а сега инфраструктурата до улиците е бесплатна за жителите затоа што ние ги насочуваме парите кон граѓаните.  За прв пат по 20 години централната власт подаде рака на Гази Баба и само за патната инфраструктура во оваа општина се дадени 1 милион и 920 илјади евра“, истакна Спасовски.

Тој информираше дека само во Изборната единица 2 со инвестиција од 48.585.698 денари, се изградени нови и рехабилитирани се над 159 километри патишта.

„Низ целата држава се градат 260 киломентри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Обновуваме повеќе од 1.500 киломентри постоечки патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 киломенри водоводи и канализации. Направивме пресврт и покажавме што значат политики на парите кон граѓаните наместо во џебови на режим“, нагласи Спасовски. 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе