Спасовски, Османи и Димитров за одлуката на ЕУ: Успеавме затоа што заслуживме

Советот за општи работи постигна согласност дека Северна Македонија треба да ги започне преговорите со ЕУ во најкраток можен рок, официјално објави техничкиот премиер, Оливер Спасовски, на заедничката прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. 

„Стигна верификацијата за успехот на нашите напори, за истрајноста, капацитетите и политичката волја на нашите институции…овој успех е крај на нашето чекање од 15 години откако го добивме кандидатскиот статус.

Патот ни е отворен и единствената насока на тој пат е само напред. Нашата перспектива е во ЕУ и враќање назад нема, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа е нашата победа“, рече Спасовски.

Тој додаде дека во наредниот период мора да има трансформација на државата и општеството, но вели дека ова е повеќе од заслужен успех и признание кое требаше да го добиеме и порано.

„Се исправа стратегиската грешка на Советот од октомври лани“, изјави Спасовски.

Вицепремиерот Османи во изјавата порача дека треба „без лажна скромност да си признаеме дека успеавме“.

„Од денес влегуваме во последната фаза од остварување на сонот од самата независност. Успеавме затоа што заслуживме. Денешната одлука на советот не е подарок, ни политичка одлука, туку признание за суштинскиот напредок на земјата.  

Затоа одлуката на 27-те членки е без дополнителни услови за земјата“, рече Османи.

Министерот Димитров изјави дека во ова заедничко „време невреме“Советот за општи работи на ниво на министрите за европски прашања на ЕУ, денес даде политичка согласност за предлог заклучоците кои се многу позитивни и охрабрувачки за нас и тоа особено се цени зашто ЕУ најде време и волја веродостојно да оддаде признание за досега сработеното.

„Советот недвосмислено ќе потврди дека остваривме опипливи и одржливи реформски резултати во однос на реформите. Советот ја поканува Комисијата веднаш да поднесе предлог рамка за преговорите како и да ја започне неопходната подготвителна работа. Првата меѓувладина конференција ќе биде свикана што е можно поскоро по усвојувањето на преговарачката рамка. Советот ја поканува Комисијата да го дозаврши скрининг процесот, започнувајќи со кластерот за фундаменталните вредности.

Одлуката на Советот не дојде лесно ниту пак ни беше поклонета. Ние и вие заедно со макотрпна работа и жртвување ја одработивме и заслуживме шансата да покажеме дека му припаѓаме на европското семејство.
Постоеја многу искушенија и преобмислување. Изодивме тежок реформски пат во вонредни околности кога моравме да ја закрепнеме заробената правна држава. Го склучивме Преспанскиот договор и ги усвоивме уставните амандмани со опструкции, одвнатре и однадвор. Не беше едноставно, но покажавме визија, разумност и политичка храброст“, рече меѓу другото Димитров.

Тој порача и дека патот натаму ќе биде уште потежок и пострмоглав доколку повторно се препуштиме на рамнодушноста. Меѓутоа денеска е ден на зрак надеж дека можеме и дека направивме“, изјави Димитров.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе