Спасовски, Османи и Димитров онлајн на Самитот на ЕУ и Западен Балкан

Премерот Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска преку видео-конференција ќе учествуваат на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, кој оваа година се одржува во организација на Република Хрватска како актуелен претседавач на Европската Унија.

На самитот, како што соопшти владината прес-служба, лидерите на земјите членки на Европската унија и лидерите за земјите од Западен Балкан ќе дискутираат за соработката за справување со коронавирус ковид-19 и последиците од него, европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и посветеноста на земјите од Западен Балкан на европските вредности и реформи.

„Во официјалната комуникација на Европската Комисија во врска со Самитот ЕУ и Западен Балкан, се истакнува дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија, и се нагласува дека европската перспектива на целиот регион беше потврдена повторно во март оваа година, кога земјите-членки ги одобрија предлозите на Комисијата за зајакната методологија за пристапниот процес и донесоа одлука за отворање на пристапните преговори со Република Албанија и Република Северна Македонија. Тоа е од клучна важност за Европската унија да продолжи со поттикнување на стабилноста и просперитетот на овој регион и се потпира на заеднички стратешки интереси на земјите од Западен Балкан и на земјите членки на ЕУ“, се вели во соопштението од Владата.

Според агендата на Самитот, лидерите од шесте земји од Западен Балкан ќе разговараат за новата фаза на тесна соработка за решавање на најзначајните социо-економски последици од здравствено-економската криза со ковид-19, за важноста на регионалната соработка, како и за тоа како најдобро да управуваат со безбедносните предизвици за Европа и за регионот.

На годинашниот Самитот ЕУ-Западен Балкан Загреб 2020, покрај шефовите на држави и влади од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија и Косово, ќе учествуваат и шефови на држави и влади на земји членки на ЕУ, а со самитот ќе претседаваат претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Во работата на Самитот ќе учествуваат и Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, Јосеп Борел, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Давид Сасоли, претседател на Европскиот парламент, како и претставници на Европската банка за обнова и развој, на Светската банка, на Европската инвестициска банка и на Регионалниот совет за соработка.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе