Спасовски: Од страна на МВР откривачката дејност на корупцијата е зголемена за 50%

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со вршителот на должност амбасадор на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. Ерик Мејер и полициското аташе во ИЦИТАП Програмата на Одделот за правда на САД, Карл Рејшам.

Вршителот на должност амбасадор на САД Мејер упати честитки по повод реизборот на Спасовски за министер за внатрешни работи и изрази уверување за понатамошно продлабочување на веќе воспоставената одлична соработка и поддршка од страна на Владата на Соединетите Американски Држави.

Министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка и одличната соработка од страна на Владата на САД во повеќе сфери од полициското работење и ги повтори приоритетите кон кои Министерството за внатрешни работи е насочено во континуитет, меѓу кои борбата против илегалната миграција, организираниот криминал, тероризмот, компјутерскиот криминал и корупцијата.

Како врвен приоритет од страна на министерот Спасовски беше спомената и непречената реализација на проектите кои Министерството ги спроведува во рамки на ИЦИТАП Програмата и уште еднаш беше потврдена добрата перцепција за борба против корупцијата, при што беше нагласено дека во 2021 година, споредбено со 2020 година, откривачката дејност на корупцијата од страна на МВР беше зголемена за 50%.

Министерот Спасовски и вршителот на должност амбасадор на САД, Н.Е. Ерик Мејер изразија уверување и заложба и во наредниот период период да продолжат со исто темпо, во насока на интензивирање на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе