Спасовски објаснува: Одлуките на Мизрахи се поништени зашто се незаконски

Одлуките на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи се поништени зашто не се законски, не се повикуваат на ниту еден член од Законот, односно не е исполнет ниту еден услов за носење такви одлуки, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски.

„Кога се носат незаконски одлуки, Владата има право да регира и да ги поништи таквите одлуки, без разлика за кој министер или за која одлука станува збор“, рече Спасовски. Владата на вчерашната седница во Штип донесе одлука за поништување на одлуките Мизрахи за разрешување вршители на должност и именување в.д. директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш со образложение дека се спротивни на законот.

„Одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д. директорите на центрите за социјална работа е донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за Влада: ‘Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа‘.  Со оглед дека целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки, односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката за труд и социјална политика“, стои во владиното соопштение од седницата.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе