По заканите од Ел Чека

Спасовски: Нема никакви индиции за нарушување на мирот, состојбата е стабилна и мирна

Безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на целата територија на државата, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање какви се безбедносните проценки по најавите од Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово на сред Скопје“.

„МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба“, истакна Спасовски кој утрово проследи дел од селекцијата на кандидадтите за нови полициски службеници во Центарот за обука на МВР во Идризово.

Меѓу другото, тој информира дека во МВР постои посебен оддел што се занимава со компјутерски криминал, а веќе се подготвува заеднички со Министерството за одбрана и со Министерството за администрација и информатичко општество стратегија за сајбер безбедност, но тоа е тема која се развива не само кај нас и во регионот, туку генерално и во светот, затоа што досега недоволно се посветувало внимание на тие хибридни напади.

„Одделот за компјутерски криминал во МВР работи секојдневно и во делот на говорот на омраза и во делот на нападот на сајтови…Така што во тој дел се развива и технологијата, меѓутоа и нашите капацитети се јакнат“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе