Спасовски нема коментар за викенд-карантинот, Владата ќе одлучува во 17 часот

Премиерот Оливер Спасовски денеска соопшти дека на владина седница попладне во 17 часот, ќе се одлучува колку ќе трае карантинот за претстојниот продолжен викенд и рече дека одлуките во однос на ситуацијата со коронавирусот се носат исклучиво врз основа на оценките на науката, на стручните луѓе и во тој контекст сите партии имаат речиси идентичен став, освен претставникот на опозицијата.

„Има препорака пред три дена од Комисијата за заразни болести во однос на карантинот, но за денеска одлучив да ја закажам седницата на Владата. Нема други причини, ниту недоразбирања, ниту различни ставови, прилично сме унисони дека треба да носиме одлука верз основа на науката, а не врз основа на политиката. Скоро 100 отсто, освен претставникот на опозицијата. И досега, не само што се повикувавме, туку и го носевме одлуките врз основа на стручните луѓе“, рече Спасовски.

Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање рече дека државата ги носи мерките без притисок.

„Од државата нема посилен никој, ни политичари, ни функционери, ни верски лидери, ни некоја институција. Државата ги носи одлуките и управува со системот. Ако му паднало на памет дека ќе врши притисок, треба да знае дека нема никако подлегнување на притисок. Мерките се во интерес на државата и на граѓаните“, рече Спасовски.

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе