Спасовски не знае за лидерска средба, ама знае дека 22 дена по вонредната состојба треба да има избори

Дали ќе има нова лидерска средба за одредување датум за избори не знам, но датумот е одреден со Уредба со законска сила до завршување на вонредната состојба. Потоа за 22 дена треба да се одржат избори, рече денеска премиерот Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарски прашања по предавањето на донацијата на респиратори на Клиниката за инфективни болести изјави дека фактичката состојба е што ние сме единствена држава во светот без функционален парламент во кој партиите би се договориле.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе